
НАЧИН НА ПЕЧЕЊЕ НА ДОНЕРОТ Подготвениот донер се поставува на 10 до 15 цм растојание од преходно подготвениот оџак (огниште), пред оганот пто гори. Донерот полека се пече на огнот, а откако ќе се испече , со нож тенско се сече од горе надолу. ПОДГОТВУВАЊЕТО НА ЌЕБАПОТ ИСКЕНДЕР ДОНЕР ЗА СЕРВИС Најпрвин тенкото лепче (пида) се загрева на скара. Чиниите во кои ќе се стават лепчињата треба да бидат загреани. Поради тоа лепчињата се греат на скара. Потоа лепчето се сече иведнаш се става во загреаната чинија. Потоа се става сос. На брз начин се покрива со донер. Во меѓувреме маслото се става во тава која се става на мангал. Додека се пече ќебапот се подготвува и маслото. Кога ќе се испече ќебапот се полива со масло. Најдобро е кога сите работи се вршат истовремено. Доколку претходно се подготви ќебапот и се чека маслото тогаш ќе се олади ќебапот. Поради тоа многу треба да се внимава при координацијата на целиот процес на подготвување. Ако претходно се подготви сосот и се чека да се подготви ќебапот, тогаш ќебапот ќе го изгуби вкусот. АЛАТУРКА
 Лепчето Алатурка се сече на два дела. Откако ќе се загрее на скара, загреаното масло се полива на двете парчиња. Потоа се полни со донер. Исто така се додава домат и пиперка и заедно со месото се полева со сос. По желба може да се додаде патчиџан испечен на скара или кисело млеко и повторно се полева со малку масло. Потоа лепчето Алатурка се затвора и е спремно за послужување. |