Прв Дуќан
   Шира


Ширата што се послужува во Ќебапчија Искендер - Јавуз Искендероглу е од домашно производство и претставува одраз на 150 годишна традиција. Овој вкусен пијалок кој што поволно влијае на здравјето на луѓето го подготвуваме од црно суво грозје и има одлика на намалување на шеќерот во крвта. Јавуз Искендероглу препорачува дека ќебапот Искендер донер се јаде со најубавата шира.

Во врска со ширата сакаме да ве запознаеме со  една анегдота. Имено во ќебапчилниците не се најмува маса туку столица. На една маса истовремено можат да седат различни луѓе. Оние кои дошле подоцна чекаат они коишто претходно да го изедат нарачаниот ќебап. Оние што чекаат гледајќи ги оние што јадат им расте апетитот и така чекањето се претвора во еден вид мачење.

Ширата која претставува негазиран пијалок, доде ка чекате го зголемува нивото на шеќерот во крвта така што ја намалува гладта. На тој начин, претходно дојдениот клиент на ресторанот, без некоја поголема вознемиреност и да ги почѕвствува погледите на другите, спокојно може да го јаде ќебапот.

Грозјето кое во првобитното камено доба растеше во Кавказ, а потоа и во Медитеранот, првенствено се употребуваше во правењето алкохолен пијалок. Галијците во производството на грозјето и виното го открија значењето на складирање на грозјето во буриња, додека со текот на времето свештениците и поповите започна производството на вино. Сокот од грозје бидејќи дава сила и моќ и ја чисти крвта, се употребуваше и во медицината. Од 1930 те години сокот од грозје се флашира и се продава во целиот свет.


Ширата претежно се прави од свежо грозје така што се гмечи и се одвојува сокот од зрната, а исто така може да се прави и од суво грозје, кое откако убаво ќе се измие неколку часа се остава да чека. Потоа се гмечи со камен толчник се додека не се добие густа смеса. Со постепено додавање вода и мешње на добиената смеса, се цеди. Откако ќе се извлече сокотповторно се додава воида и се меша и повторно се цеди. Се отстрануваат и исфрлаат остатоците од добиената смеса наречена шира. Како поминува времето расте јакоста и киселоста.

 

Kebapçı İskender © Yavuz İSKENDEROĞLU 1867-2006