Меѓу родителите на Јавуз Искендероглу постои роднинска врска која датира од поодамна. Сабит Ефендија, прадедото по мајчина линија живееше во 1800 години, по професија беше месар и познат со разонодата и ноќниот живот поради што го добил прекарот Ховарда. Од една страна качен на коњ продаваше месо, од друга страна пак не заостануваше од раскошниот живот, поради што беше омилена и позната личност во квартовите фатих, Еминону, Халич (Златен рог) во Истанбул. Дедото на Јавуз Искендероглу, Мехметоглу Искендер-бег уште додека беше дете во одредени периоди одеше кај дедо Сабит и му помагаше. Додека чичко му на коњ продаваше месо, дедото Искендер се бавеше со печење на месото. Во тој период тандр ќебапот се печеше во хоризонтална позиција. Мирисот за да не ги вознемирува луѓето Искендер предлага месото да го постават во вертикална позиција и на тој начин да го печат. Дедото Сабит којшто многу го сакаше внукот, предлогот не го прифати со омаловажување, а и за да му одаде внимание го охрабрува Искендер кој бил гостин.

Семејството со печењето јагне на ражен и тандр започнува со ресторанот Мехмет Ефендија во 1850 година. Испеченото месо (тандр или јагнешко на ражен) во тогашниот Османлиски период покрај тоа што се продаваше на константно место во дуќан и тепсии на глава, младиот Искендер го натераа да размисли „Како можат да станат дистинктивни?" и „Како можат да направат нешто подобро?". Со поддршка на дедото Сабит вложува големи напори за остварување на своите замисли. На критиките на татко му „Не ни ваѓај непотребна работа", Искендер најпрвин своите предлози ги објаснува на мајка му, а потоа со текот на времето го разубедува и татко му. Конечно на татко му му предлага „јагнешкото месо кое со векови се печеше во хоризонтална позиција паралелно на жарот на земјата, да го постават вертикално". На тој начин овој предлог го испробуваат во Бурса и со поддршка на татко му Мехмет Ефендија продолжуваат да го усовршуваат овој начин на печење на јагнешкото месо поставено во вертикална позиција. Поттикнат со оваа цел Искендер Ефендија со текот на времето месото со коски го чисти од коските и и живците, го поставува на метална шишка - шиш и вртејќи го месото на жар, откако ќе се испече, го сече на тенки парчиња. Дистинктивниот начин на печење и служење на месото буди голема заинтересираност во Бусра и почнува да се нарекува „ќебабот што се врти" на Искендер ефендија. Бидејќи месото е без коски, се пече во вертикална позиција и се сече и служи на еден различен начин. За разлика од денешниот начин на сервирање на испеченото месо, во минатото се служеше поедноставно, без вилушка и нож, на пидата наречена алатурка, покрај нареденото месо на пидата имаше кисело млеко, салца и масло од путер и на тој начин стана вкусна чинија. Во Бурса кога ќе се споменеше Искендер на ум паѓаше токму оваа богато украсена порција. Популацијата на Бурса во тие години е малубројна и се состои од триаголникот Кајхан-Тахтакале-Рејхан како и населбите Максем, Топхане. Поголемиот дел од луѓето меѓусебно се познаваат. Просторот каде што заппочна да се служи донер ќебапот Искендер кој се прослави со Мехметовиот син Искендер Ефенди е дуќан што се простира на површина од 20 - 30 метри квадратни. Со преминот кон употребата на латинското писмо во 1926 година, првата табела се пренесува во првиот дуќан. Со текот на времето „донер ќебапот" како што најпрвин беше познат кај народот, почнува да се спомнува под името „донер" и прекарот Мехмет оглу Искендер Ефенди (Меметовиод син Искендер Ефендија) најпрвин преку табелата а денес во трговијата официјално се стекна со одлика на трговска фирма. Долгата употреба на трговскиот назив и името на фирмата, Искендер Ефендија се идентификува и стана еден од симболите на градот Бурса, така што заедно со специјалитетот започнува фаза на прославување. Мехметовиот син дедо Искендер Ефендија, татко на три деца, ги учи на занаетот. Вториот син на Искендер Ефендија, Сулејман Искендероглу (1909-1965) таткото на Јавуз Ефендија исто така ги учи децата за специфичностите на овој занает. Јавуз Искендероглу пак штафетата на професијата ја пренесува на своите деца Огузхан и Искендер Кајхан и тоа подучувајќи ги на секоја платформа. 
Како и во секоја работа така и во подготвувањето и служењето на Искендер донер ќебапот, центар на вниманието и љубовта се клиентите/муштериите, филозофијата се фокусира на муштериите. Доколку не се интегрираа со муштериите, не го споделеа искуството ине покажаа доволнма заинтересираност кон барањата на муштериите, многу тешко ќе го сочуваа респектот и вкусот скоро еден и пол век. Денес постигнатиот степен од аспект на 150 годишниот развој на оваа марка и дистинктивноста која ја поседува, поаѓајќи од потребата за еден вид културна инвестиција, остварувањето на проектот „Конакот Искендер Ефендија" од 1997 до 2007 како еден вид реституција има големо значење. Јавуз Искендероглу - Кебапчија Искендер® кој истовремено ги употребува светските техонолошки достигнувања, машини и опрема и го заврши процесот на индустријализација на инфраструктурата, придавајќи големо значење на соработката меѓу универзитетите и индустријата придонесе да го достигне денешниот степен. Во рамките на активностите за зголемување на квалитетот на услугите како и контролата на квалитетот, нашата фирма со право го ужива задоволството од добивањето на сертификатите ИСО 9011 и ИСО 22000 како и акредитацијата ТУРКАК на Турскиот институт за стандарди (ТСЕ) како и акредитацијата Qualiti Assurance Technic на ДАР (Центар за акредитација на Германија). Нашата марка од страна на Турскиот институт за патенти е регистрирана како марка на стока и услуги и како што е истакнато на левата страна на нашето лого, знакот на CTM Community Trade Mark (Марка на Европската Унија) е регистриран на наше име. Соодветно на амбиентот на првиот дуќан во чаршијата Кајхан подот и масите се направени од мермер, на ѕидовите е употребена дрвена граѓа со Искендерова боја, тонет столици и табуретки, тегет Јавуз Искендероглу - Ќебапчија Искендер® камилица и еден вид посебен ракотворба наречена ќундекари, при услужувањето се нудат хартиени вилушки, ширата се сервира во посебни садови од месинг и сиве овие детали ја формираат основата на концептот на нашите дуќани Јавуз Искендероглу - Кебапчија Искендер®. Овој концепт се наоѓа во рамките на нашите франшиза активности (за лиценца). |